НАМАЛЕНА ПОБАРУВАЧКА НА ПИВО – „Хајнекен“ отпушта 6.000 вработени
Годишниот раст на профитот сега се предвидува од 2 до 6 проценти додека претходно беше беше очекуван 4 до 8 проценти.

Фото: Социјални мрежи
Холандската компанија за пиво „Хајнекен“ денеска објави дека ќе отпушти 6.000 вработени ширум светот и ја намали прогнозата за раст на профитот за оваа година.
Според новата стратегија на „Хајнекен“ до 2030 година, компанијата се стреми кон постигнување поголем раст со помалку ресурси. Вкупниот број на вработени во „Хајнекен“ изнесува 85.000 лица.
Компанијата сега предвидува дека профитот годинава ќе се зголеми за 2 до 6 проценти, додека претходно прогнозираше раст од 4 до 8 проценти.
Пиварниците низ светот се соочуваат со намалена побарувачка на пиво.
CATEGORIES Бизнис
TAGS Топ вест


