НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР НЕОБЈАВЕН РОМАН ЗА ДЕЦА И МЛАДИ Добитникот ќе биде објавен на 11 март во „Дајмнод мол“
На вториот конкурс, кој траеше од 11 септември 2025 до 11 јануари 2026, пристигнале 46 ракописи. Наградата вклучува 60.000 денари, статуетка и објавување на романот во издание на „Арс Ламина“.

Добитникот на книжевната награда за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“ ќе биде објавен на 11 март во 11 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје.
Жири-комисијата, составена од Оливера Ќорвезироска, Ермис Лафазановски и Јованка Денкова, ќе ги претстави резултатите од конкурсот и ќе го соопшти авторот на победничкиот ракопис.
На вториот конкурс, кој траеше од 11 септември 2025 до 11 јануари 2026, пристигнале 46 ракописи. Наградата вклучува 60.000 денари, статуетка и објавување на романот во издание на „Арс Ламина“.
Наградата беше востановена минатата година во чест на писателката Оливера Николова, со цел да се поттикне современата книжевност за деца и млади.
На првиот конкурс наградата ја освои романот „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски.


