НАФТАТА МОЖЕ ДА ДОСТИГНЕ 200 ДОЛАРИ БАРЕЛ – Светот се соочува со економска криза

Снабдувањето од Блискиот Исток драстично опадна, цените веќе се на 150 долар и експертите предупредуваат.

НАФТАТА МОЖЕ ДА ДОСТИГНЕ 200 ДОЛАРИ БАРЕЛ – Светот се соочува со економска криза
Фото: Принтскрин

Цената на нафтата се приближува кон историски висини. Извозот на нафта од Блискиот Исток падна од околу 25 милиони барели дневно во февруари на 7,5-9,7 милиони барели до средината на март. Ограничувањата се и во производството бидејќи Ирак, Саудиска Арабија, ОАЕ и Кувајт намалија вкупно над 7 милиони барели дневно.

Цените веќе достигнаа 150 долари по барел, а експертите предупредуваат дека 200 долари се реална можност. Последиците би биле сериозни со зголемена инфлација, пад на економскиот раст и недостиг на гориво и материјали како ѓубрива и пластика.

Сепак, зголеменото производство во други земји и алтернативните снабдувачки патеки можат да ја ублажат кризата, но се’ уште зависи од траењето на конфликтот во Персискиот Залив.

CATEGORIES
Share This