НА ВЛЕЗ ВО АВИОН ВЕ ПОЗДРАВУВААТ НАСМЕАНИ СТЈУАРДЕСИ И СИ МИСЛИТЕ ОД УЧТИВОСТ Не, тоа е дел од задача со своја причина

Сигурно сте приметиле дека кога ќе се качите во авионот ве пречекуваат насмеаните стјуардеси и стјуарди. И си помислувате дека тоа го прават од учтивост.

НА ВЛЕЗ ВО АВИОН ВЕ ПОЗДРАВУВААТ НАСМЕАНИ СТЈУАРДЕСИ И СИ МИСЛИТЕ ОД УЧТИВОСТ Не, тоа е дел од задача со своја причина

Сигурно сте приметиле дека кога ќе се качите во авионот ве пречекуваат насмеаните стјуардеси и стјуарди. И си помислувате дека тоа го прават од учтивост. Но, поздарвувањето од стујардесите и стјуардите има многу поголема заднина во која манифестираат своевидни полициски и психолошки познавања. Имено самото поздравување е метод на проценка на типот на патникот, односно, да проверат, на пример,  дали некој патник е премногу пијан или болен пред летот.

При тоа т.н. полициско и психолошко снимање на лицата, авионската посада умее да процени и кои патници би можеле да помогнат во итен случај. Лицето, телото, движењето, но и однесувањето, макар и првични, секогаш укажува на одредени квалитети и одлики на човекот.

На одговорните за летот им е важен секој кој се движи без проблеми, патува сам, зборува англиски или друг јазик итн. Тие всушност, се обучени да проценат кој би можел да им биде од корист во случај на потреба, или пак, кој би можел да направи проблем при летот.

Според тоа, не е за изненадување ако екипажот на кабината Ве повика во случај на несреќа, непријатност или каков било непредвиден случај на патувањето.

CATEGORIES
Share This