НА ПОВИДОК ВОЈНА НА НАТО ПРОТИВ НАТО – Данска распоредува војска и воени бродови во Гренланд
Со активирање на строги правила за служба, Данска испраќа јасна порака до САД дека секоја закана ќе биде третирана како напад.

Министерот за одбрана на Данска, Троелс Лунд Поулсен, потврди дека земјата започнува значително зголемување на воените капацитети во Гренланд, како реакција на она што Копенхаген го оценува како сериозни закани од страна на САД.
Според Поулсен, на арктичката територија веќе се распоредуваат борбени авиони, воени бродови и специјални единици. Министерот нагласи дека од денес заштитата на суверенитетот на Гренланд е „врвен приоритет“.
Со активирањето на строги правила за служба, данските сили добиваат овластување да употребат сила без дополнителни наредби од командата, доколку проценат дека има директна закана.
Поулсен порача дека секое обидување да се нарушат данските граници или да се преземе контрола врз територијата ќе биде третиран како напад на која војската ќе одговори.
Аналитичарите на јавниот сервис ДР предупредија дека ситуацијата достигнува ниво од невиден интензитет со децении. Тие посочуваат дека Данска се повикува на безбедносна директива од 1952 година, донесена во услови на Студената војна, која дозволува локалните команданти веднаш да се вклучат во борба при агресија, без чекање наредби од Копенхаген.
Според нив, повторното активирање на овој документ претставува јасно предупредување дека еднострани потези од САД во Гренланд би можеле да прераснат во вооружен конфликт.


