НАЈГОЛЕМИОТ МЕТЕОРИТ ОД МАРС ПРОДАДЕН ВО ЊУЈОРК, сумата е милионска

Ретката вселенска карпа, тешка 25 килограми, била откриена минатата година во пустината Сахара, во Нигер.

НАЈГОЛЕМИОТ МЕТЕОРИТ ОД МАРС ПРОДАДЕН ВО ЊУЈОРК, сумата е милионска

Најголемиот досега познат метеорит од Марс што пристигнал на Земјата е продаден на аукција во Њујорк за неверојатни 5,3 милиони долари. Ретката вселенска карпа, тешка 25 килограми, била откриена минатата година во пустината Сахара, во Нигер.

Метеоритот, ознаčen како NWA 16788, е околу 70% поголем од кој било друг познат примерок од Марс. Со димензии од 38 x 28 x 15 сантиметри, тој беше изложен во Италијанската вселенска агенција во Рим пред да биде ставен на продажба.

Иако почетната проценка на вредноста изнесувала меѓу 2 и 4 милиони долари, големиот интерес од колекционери и научни институции ја подигнал цената на 5,3 милиони. Името на купувачот не е обелоденето.

Научниците веруваат дека метеоритот бил исфрлен од површината на Марс по силен удар со астероид, а потоа патувал низ вселената сè додека не паднал на Земјата.

До денес се потврдени помалку од 400 метеорити од Марс, а NWA 16788 самостојно претставува околу 7% од вкупниот познат марсовски материјал. Ваквите ретки примероци се од огромна научна и културна вредност, носејќи важни податоци за историјата на Марс и можноста за живот надвор од Земјата.

CATEGORIES
Share This