НАЈГОЛЕМИОТ АГЕНТ НА МОСАД КОЈ СЕ ИНФИЛТРИРА ВО СИРИСКАТА ВЛАСТ И ДОНЕСЕ ПОБЕДА Беше откриен и обесен во Дамаск јавно пред цел свет

Израелските власти го сметаат за национален херој, а неговото име и денес се користи како синоним за шпионска генијалност и посветеност на татковината.

НАЈГОЛЕМИОТ АГЕНТ НА МОСАД КОЈ СЕ ИНФИЛТРИРА ВО СИРИСКАТА ВЛАСТ И ДОНЕСЕ ПОБЕДА Беше откриен и обесен во Дамаск јавно пред цел свет
Фото: Принтскрин

Израелскиот шпион Ели Коен, кој со години успешно се инфилтрираше во највисоките ешалони на сириската власт, беше јавно обесен во главниот град на Сирија. Со лажен идентитет и со извонредна способност за убедување, Коен успеа да стекне доверба од највисоки функционери, а неговите информации одиграа клучна улога во подготовките на Израел за Шестдневната војна во 1967 година.

Коен е роден во 1924 година во Александрија, Египет, во еврејско семејство. По протерувањето на Евреите од Египет во 1957 година, заминува во Израел, каде што набргу стапува во контакт со израелската разузнавачка служба Мосад. Иако првично бил одбиен поради карактерни црти што не одговарале на профилот на класичен агент, во 1960 година бил регрутиран заради зголемената потреба за информации од Сирија.

Под името Камал Амин Таабет, сириски муслиман роден во Либан и бизнисмен кој живеел во Аргентина, Коен бил испратен во Буенос Аирес за да изгради кредибилитет меѓу сириската дијаспора. Набргу воспоставил блиски врски со сириски дипломати и воени аташеа, кои го препорачале за враќање во татковината.

Во февруари 1962 година, Коен пристигнува во Дамаск, каде со стилски живот, забави и дарежливост се приближува до политичкиот врв, вклучително и до идниот претседател Амин ал-Хафиз. Преку нив добивал пристап до чувствителни информации, кои преку шифрирани радио-сигнали ги испраќал до Тел Авив.

Неговите највредни извештаи се однесувале на Голанската Висорамнина, каде Сирија копала канал за пренасочување на водите од реката Јордан. Коен го документирал целиот проект: локациите на артилериски позиции, противтенковски ровови и воени инсталации. Израел, благодарение на овие информации, во 1967 година ја презема контролата врз оваа стратешка област.

Во јануари 1965 година, сириската контраразузнавачка служба со помош од советски експерти открива радио-сигнали испраќани од центарот на Дамаск. По неколкунеделна потера, Коен бил уапсен и по кратко судење осуден на смрт.

На 18 мај 1965 година, Ели Коен бил обесен на јавно место, а егзекуцијата била емитувана во живо на сириската телевизија. Израел досега не успеа да го врати неговото тело.

И покрај трагичниот крај, Ели Коен остана симбол на храброста и ефективноста на израелската разузнавачка мрежа. Израелските власти го сметаат за национален херој, а неговото име и денес се користи како синоним за шпионска генијалност и посветеност на татковината.

CATEGORIES
TAGS
Share This