НА ФИЛКОВ МУ СЕ ЗААРНИ КАКО МИНИСТЕР А СИГУРНО СИ Е СИГУРНО Не се откажувал од министерската фотелја за да се кандидира за градоначалник, ќе се жртвувал за народот и ќе продолжел со реформите

Ниту планирам да се повлечам од оваа функција, планирам да продолжувам со реформите. Ниту планирам да се кандидирам за градоначалник на општина Карпош

НА ФИЛКОВ МУ СЕ ЗААРНИ КАКО МИНИСТЕР А СИГУРНО СИ Е СИГУРНО Не се откажувал од министерската фотелја за да се кандидира за градоначалник, ќе се жртвувал за народот и ќе продолжел со реформите

Министерот за правда, Игор Филков кој доаѓа од партијата ЗНАМ во изјава за медиумите  вели дека не планира да се повлече од министерската функција, ниту пак да се кандидира за градоначалник на општина Карпош.

„Апсолутно не. Како ќе се приближуваме кон локалните избори, нашиот фолклор ќе биде уште поинтересен. Ниту планирам да се повлечам од оваа функција, планирам да продолжувам со реформите. Ниту планирам да се кандидирам за градоначалник на општина Карпош“, рече министерот за правда.

Тој додава дека односите во владината коалиција се одлични.

„Би се задржал само на овие коментари кои се дел од демократијата. Верувам дека и во иднина ќе следуваат уште многу, како што ќе се приближуваме кон предизборието. А односите во коалицијата се одлични, подобри и не можат да бидат“, потенцираше министерот.

CATEGORIES
Share This