НАЈДИ ИМ ГО КРАЈОТ – Наеднаш станаа ептен другари, Путин го фали Трамп му се заблагодарува
Нобеловата награда побегна во Венецуела, ама другарството меѓу Трамп и Путин останува.

Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп јавно му се заблагодари на рускиот лидер Владимир Путин по неговите пофални зборови.
„Ви благодарам, претседателе Путин!“, објави Трамп на социјалната мрежа Истина, прикачувајќи видео и цитати од говорот на Путин.
На прес-конференција во Москва, Путин изјави дека Трамп прави многу за решавање на „сложени и долготрајни кризи“.
Рускиот претседател воедно ја критикуваше Нобеловата награда за мир, велејќи дека нејзиниот авторитет е „значително поткопан“ и дека честопати ја добиваат личности „кои не направиле ништо за мирот“.
Иако Трамп беше меѓу номинираните, наградата годинава ѝ припадна на венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо.
CATEGORIES Свет


