НАЈДЕНО НА ОРУЖЈЕ ВО СКОПЈЕ – осомничен 23-годишник со пиштол и 51 куршум

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 23-годишно лице осомничено за неовластено изработување, држење и тргување со оружје, по член 396 став 3 од Кривичниот законик.
Според информациите, по наредба на јавен обвинител и со судска дозвола, полициски службеници вчера извршиле претрес во домот на осомничениот во Скопје. При акцијата, пронајдени биле еден полуавтоматски пиштол, 51 куршум калибар 9мм Para, како и рамки и други додатоци за огненото оружје.
Целото оружје било поседувано без дозвола.
Обвинителството утрово побара мерка притвор за осомничениот, наведувајќи опасност од бегство и можност за повторување на делото. Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе одлучува по предлогот.
CATEGORIES Македонија


