НАЈАВАТА СЕ РЕАЛИЗИРАШЕ Нуњез и официјално е нов фудбалер на Ал Хилал

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дарвин Нуњез, и официјално е нов фудбалер на саудискиот Ал Хилал, со кој потпиша тригодишен договор.
„Сите во клубот сакаат да му се заблагодарат на Дарвин за неговиот придонес и му посакуваат нему и на неговото семејство се најдобро во иднина,“ стои во соопштението на Ливерпул.
Обесштетувањето за трансферот на 26-годишниот уругвајски репрезентативец изнесува 53 милиони евра, со можни бонуси кои вкупната сума ја зголемуваат на 65 милиони евра.
Нуњез се приклучи на Ливерпул во јуни 2022 година од Бенфика за 75 милиони евра. Во црвениот дрес одигра 143 натпревари, постигна 40 гола и освои Премиер лига и Комјунити Шилд. Сепак, минатата сезона беше стартер во само осум лигашки натпревари, постигнувајќи седум гола во сите натпреварувања.
Интересно, на предсезонската турнеја ова лето, Нуњез забележа одлична форма со пет гола, вклучувајќи и хет-трик за 20 минути против Стоук.
Ал Хилал го предводи Симоне Инзаги, а во тимот се и Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Жоао Кансело и Калиду Кулибали. Во последно време се појавија шпекулации дека Митровиќ би можел да се врати во Премиер лигата.


