МВР СО ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ За два дена 1.293 сообраќајни казни низ Македонија

МВР најавува дека засилените контроли продолжуваат и наредните денови, со апел до граѓаните за почитување на сообраќајните прописи.

МВР СО ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ За два дена 1.293 сообраќајни казни низ Македонија

Во понеделник и вторник (21–22 јули), МВР изрече 1.293 казни за сообраќајни прекршоци.

Најмногу санкции се за:

  • неприлагодена брзина – 305
  • неправилно паркирање – 340
  • возење без дозвола – 97
  • користење мобилен – 49
  • без појас – 47
  • без шлем – 85
  • минување на црвено – 18
  • пешаци – 122
  • возење под алкохол – 11

Изречени се и 34 казни за технички неисправни и нерегистрирани возила. Контролите продолжуваат.

CATEGORIES
Share This