МВР СО ДЕТАЛИ ЗА ВЧЕРАШНАТА ПРЕСТРЕЛКА Две лица со мотор пристигнале кај Бит-пазар и почнале да пукаат, едно лице загина

Тешко повредениот бил веднаш пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, но, и покрај напорите на лекарите, подоцна, околу 16 часот, им подлегнал на повредите.

МВР СО ДЕТАЛИ ЗА ВЧЕРАШНАТА ПРЕСТРЕЛКА Две лица со мотор пристигнале кај Бит-пазар и почнале да пукаат, едно лице загина

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека се преземаат оперативни мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на престрелката што вчера се случи во близина на полициската станица кај Бит-пазар во Скопје.

Инцидентот се случил вчера, околу 14 часот, на улицата „Војдан Чернодрински“. Според информациите на МВР, две лица пристигнале на моторцикал и со огнено оружје отвориле оган кон 31-годишниот А.С., кој се наоѓал на местото на настанот. Тешко повредениот бил веднаш пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, но, и покрај напорите на лекарите, подоцна, околу 16 часот, им подлегнал на повредите.

„Двајца пукаа еден кон друг! Полно деца имаше долу, си играа“, изјавиле жители на маалото. „Од друго место дојдоа, и пукаа пред куќите“, додал друг сведок.

На теренот се пронајдени повеќе чаури, а оштетени се и неколку изложни стакла од околните продавници, како и паркирани возила. Полицијата продолжува со прибирање докази, а во тек се и оперативно-тактички активности за идентификување и пронаоѓање на напаѓачите.

Од Основното јавно обвинителство Скопје соопштија дека е издадена наредба за обдукција на телото на починатиот, како и за обезбедување снимки од надзорните камери на објектите во близина на местото на престрелката.

Истражните органи работат интензивно на расветлување на случајот.

CATEGORIES
Share This