МВР ПРОНАЈДЕ ДРОГА НА ДВЕ ЛОКАЦИИ Лишени од слобода две лица

МВР ПРОНАЈДЕ ДРОГА НА ДВЕ ЛОКАЦИИ Лишени од слобода две лица

На 05.01.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода К.А.(34) и И.М.(34), двајцата од село Марвинци, валандовско. При преглед кај нив, кај К.А. пронајдени се неколку пакувања со амфетамин. Лицата се задржани во полициска станица и на 06.01.2025 врз основа на судски наредби, извршени се претреси во нивните домови во с. Марвинци, при што при претрес во домот на К.А. пронајдени се три поголеми пакувања со амфетамин и две дигитални ваги. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки лицата се задржани во Полициската станица Валандово и во текот на денот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

CATEGORIES
Share This