МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ Се терети за злоупотреба на службена положба додека бил министер за внатрешни работи
Според МВР, Спасовски во 2021 година не донел решение за одземање на овластувањето на станицата за технички преглед „Виа комерц“ во законскиот рок, иако биле утврдени неправилности, со што на правниот субјект му била овозможена противправна корист од 5,5 милиони денари.

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот министер Оливер Спасовски за злоупотреба на службена положба во врска со несреќата на автобусот „Беса транс“ во Бугарија, во која загинаа 45 лица.
Според МВР, Спасовски во 2021 година не донел решение за одземање на овластувањето на станицата за технички преглед „Виа комерц“ во законскиот рок, иако биле утврдени неправилности, со што на правниот субјект му била овозможена противправна корист од 5,5 милиони денари.
Забраната за работа била донесена дури на 26 ноември, три дена по трагедијата.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


