МУЛТИМЕДИЈАЛНА ИЗЛОЖБА „РЕМИНИСЦЕНЦИИ“ НА СТАХИЛ ПЕТРОВСКИ ВО ЊУЈОРК Големоформатни индустриски хартии и цртежи во комбинирата техника

Ова е негово второ претставување во Њујорк и дел од серијата самостојни изложби што годинава ги реализираше во повеќе европски и светски центри, по изложбата во Париз.

МУЛТИМЕДИЈАЛНА ИЗЛОЖБА „РЕМИНИСЦЕНЦИИ“ НА СТАХИЛ ПЕТРОВСКИ ВО ЊУЈОРК Големоформатни индустриски хартии и цртежи во комбинирата техника

Македонскиот визуелен и мултимедијален уметник Страхил Петровски на 30 декември ќе ја отвори мултимедијалната изложба „Реминисценции“ во Галерија МЦ при Македонскиот културен центар во Њујорк, каде ќе биде поставена до 9 јануари. Ова е негово второ претставување во Њујорк и дел од серијата самостојни изложби што годинава ги реализираше во повеќе европски и светски центри, по изложбата во Париз.

Поставката опфаќа дела од неговиот најнов циклус – големоформатни индустриски хартии, цртежи во комбинирана техника и мултимедијални елементи, со доминација на белата, црвената и црната боја. Кустосот Сандра Деспотовиќ истакнува дека изложбата означува нова креативна фаза во творештвото на Петровски, обележана со апстракција, фрагментација и потрага по значење во современиот свет.

CATEGORIES
Share This