МОЖНА СРЕДБА ПОМЕЃУ ЗЕЛЕНСКИ И ТРАМП Се ближи ли крајот на конфликтот во Украина?

Главната цел е дискусија за најчувствителните точки од планот, вклучително и територијалните прашања.

МОЖНА СРЕДБА ПОМЕЃУ ЗЕЛЕНСКИ И ТРАМП Се ближи ли крајот на конфликтот во Украина?

Се водат разговори за можната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон оваа недела, каде што би се сретнал со американскиот претседател Доналд Трамп за да го разгледаат предложениот мировен план, пренесува Ројтерс.

Главната цел е дискусија за најчувствителните точки од планот, вклучително и територијалните прашања. Датумот сè уште не е потврден.

Според медиумите, американскиот план од 28 точки предвидува Украина да отстапи дел од територијата, да ја намали армијата и да не се приклучи кон НАТО.

CATEGORIES
Share This