МОСКВА УДРИ ВЕДНАШ ПО ЗАКАНАТА НА ТРАМП Украина во пламен
Украинските медиуми оценуваат дека и покрај ултиматумот, нападите продолжуваат со несмалено темпо.

Во текот на ноќта меѓу 15 и 16 јули, Украина беше цел на масовен руски напад со ракети и дронови, само еден ден по ултиматумот од американскиот претседател Доналд Трамп до Москва да постигне мировен договор во рок од 50 дена или да се соочи со строги тарифи.
Моќни експлозии одекнаа низ повеќе региони, вклучувајќи ги Киев, Харков, Кривиј Рог, Виница и Одеса. Украинските воздушни сили прогласија тревога поради масовна употреба на ирански дронови тип „Шахед“ и можни балистички ракети.
Во Киев, нападот започнал околу 1 часот по полноќ, при што била активирана воздушната одбрана.
Во Харков, според гувернерот Олех Сињехубов, за само 20 минути биле регистрирани 17 експлозии. Нападот погодил цивилно претпријатие во киевскиот округ, предизвикувајќи пожар и повредувајќи најмалку три лица.
Во Кривиј Рог, нападите со дронови го оштетиле индустриски објект и оставиле делови од градот без струја. Според градоначалникот Олександр Вилкул, биле истрелани 28 дронови и една балистичка ракета. Едно 17-годишно момче е тешко повредено. Вода се испорачува со генератори, а избувнале и неколку пожари, кои се ставени под контрола.
Во Виницкиот регион, повредени се седум лица по серија дронски напади, а експлозии се пријавени и во пристаништето Измаил во Одескиот регион.
Русија ја засили својата воздушна кампања во последните месеци. На 9 јули беше извршен најмасовниот напад од почетокот на војната, со користење на 728 дронови, 7 крстосувачки и 6 балистички ракети.
Според претседателот Володимир Зеленски, само во една недела (до 13 јули), Русија нападнала со над 1.800 дронови, 1.200 крстосувачки бомби и 83 ракети.
На 14 јули, Доналд Трамп изјави дека ѝ дава на Русија 50 дена да постигне мировен договор. Тој додаде:
„Не мислам дека 50 дена е долг период – изјави Трамп на 15 јули, бранејќи ја својата одлука да не преземе веднаш нови санкции.
Украинските медиуми оценуваат дека и покрај ултиматумот, нападите продолжуваат со несмалено темпо.


