МОСКВА ПРИЗНАВА – Само Американците можат да донесат мир во Украина

Помошникот на Путин, Ушаков, вели дека САД имаат „интересни идеи“, но тие не се применуваат во пракса.

МОСКВА ПРИЗНАВА – Само Американците можат да донесат мир во Украина
Фото: Принтскрин

Русија ги повика Соединетите Американски Држави да ги спроведат договорите постигнати во Анкориџ, Алјаска, истакна помошникот на претседателот Јуриј Ушаков во изјава за медиумите.

Тој нагласи дека САД треба да извршат поголем притисок врз Украина за да се реализираат договорените чекори.

„Можеби откривам нешто што не требаше да се каже, но токму тоа го бараме од нашите американски колеги и ова е неопходно во моментов“, изјави Ушаков.

Тој коментира зошто Вашингтон не бара поактивно спроведување на договорите од страна на Киев.

Според него, американската страна изнела повеќе „интересни и корисни“ предлози за решавање на конфликтот, но тие засега не се преточени во конкретни мерки.

Во однос на довербата, Ушаков потенцираше дека Русија најмногу се потпира на сопствените капацитети.

„Ако прашувате кому му веруваме 100 проценти тоа сме ние самите. Со другите се водиме по принципот ‘верувај, но проверувај’“, истакна тој.

Инаку, од почетокот на годината се одржале три рунди трилатерални разговори меѓу Русија, Украина и САД. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неодамна изјави дека во моментов има пауза во преговорите, додека американската страна е насочена кон други приоритети.

Москва очекува нова рунда разговори, но засега не се утврдени ниту времето ниту местото на нивното одржување.

CATEGORIES
Share This