МОСКВА ПОВТОРУВА – Зеленски нема од што да се плаши, го чекаме во Москва на средба со Путин

Кремљ појаснува дека разговорите во Обединетите Арапски Емирати се од различна природа и не се продолжение на преговорите во Истанбул

МОСКВА ПОВТОРУВА – Зеленски нема од што да се плаши, го чекаме во Москва на средба со Путин
Фото: Принтскрин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија и натаму ја разгледува Москва како можно место за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Владимир Зеленски. Притоа нагласи дека разговорите што се одржуваат во Обединетите Арапски Емирати претставуваат посебен процес и не се продолжение на преговорите од 2025 година во Истанбул.

Сè уште зборуваме за Москва. Сите шпекулативни дискусии на оваа тема се несоодветни“, изјави Песков за новинарите, пренесе РИА Новости.

Тој посочи дека средбите во Абу Даби се „од различна природа“ во споредба со минатогодишните разговори во Турција.

„Овие преговори се поинакви. Да почекаме малку“, додаде Песков.

Портпаролот на Кремљ потврди и дека украинскиот претседател досега не одговорил на повторената покана за разговори во Москва.

Претходно, помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави дека Владимир Путин во повеќе наврати нудел средба во Москва, нагласувајќи дека ваквите контакти мора да бидат темелно подготвени.

Според Песков, разговорите во ОАЕ не може да се сметаат за продолжение на процесот од Истанбул, туку претставуваат посебен дипломатски формат фокусиран на дијалогот за Украина.

CATEGORIES
TAGS
Share This