МОСКВА ПОТВРДИ ДЕКА ПОСТОЈАТ ПРОБЛЕМИ ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО САД Контактите со Вашингтон се прилично комплицирани
Соединетите Американски Држави ќе престанат да посредуваат во мировните преговори меѓу Русија и Украина во наредните денови доколку нема јасни сигнали дека може да се постигне мировен договор, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио.

Русија денеска објави дека веќе е постигнат одреден напредок во преговорите за евентуален мировен договор со кој би завршила војната во Украина, но дека контактите со САД се доста комплицирани.
„Контактите се доста комплицирани, бидејќи, се разбира, темата не е лесна. Русија е посветена на решавање на овој конфликт, обезбедување на сопствените интереси и е отворена за дијалог. Ние продолжуваме да го правиме тоа. Сметаме дека веќе може да се забележи одреден напредок – изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.
Тој како напредок го наведе привремениот мораториум на нападите врз енергетската инфраструктура, иако ја обвини Украина дека не го почитува.
„Затоа, одреден напредок е веќе постигнат, но секако дека претстојат многу посложени дискусии“ – рече Песков.