МОН ИМ ИЗЛЕГУВА ВО ПРЕСРЕТ НА СТУДЕНТИТЕ Нов термин за пријавување за оброк

Дополнителниот рок ќе трае од 13 до 16 ноември, а пријавувањето се врши електронски преку платформата на МОН.

МОН ИМ ИЗЛЕГУВА ВО ПРЕСРЕТ НА СТУДЕНТИТЕ Нов термин за пријавување за оброк
Фото: Национал

Министерството за образование и наука (МОН) ќе овозможи дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк за сите студенти кои не аплицираа во првиот термин од 1 до 5 ноември, соопштија од Министерството.

Новото време за аплицирање ќе трае од 13 до 16 ноември 2025 година, а пријавувањето ќе се одвива електронски преку платформата на МОН на следниот линк: e-uslugi.mon.gov.mk.

Студентите треба да ги пополнат и потпишат формуларите „Пријава за стекнување право на субвенциониран студентски оброк“ и „Изјава за точност на внесените податоци“, кои потоа се прикачуваат преку електронската апликација.

Од МОН информираат дека сите студенти кои ќе го остварат правото ќе почнат да ги добиваат средствата во месецот што следи по месецот на пријавување.

За дополнителни информации и поддршка околу апликацијата, студентите може да се обратат до Секторот за ученички и студентски стандард на следната адреса: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk

CATEGORIES
TAGS
Share This