МОЏТАБА ХАМНЕИ ТАЈНО ПРЕФЛРЕН ВО МОСКВА – Повредите посериозни отколку што се мислеше
Путин лично предложил лекување во Русија, а иранските власти го одобриле предлогот.

Висок извор блиски до новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, откри за кувајтскиот весник „Ал Џарида“ дека тој бил префрлен во Москва со руски воен авион поради сериозни повреди добиени за време на американско-израелските напади на 28 февруари. Таму бил подложен на успешна операција и сега се наоѓа во болница во еден од претседателските комплекси.
Рускиот претседател Владимир Путин, според изворите, лично предложил Моџтаба да се лекува во Русија, предлог што бил одобрен од иранските власти. Превентивно биле преземени строги безбедносни мерки, бидејќи постоело страв дека локацијата на лидерот може да се открие.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израел има информации за состојбата на Хамнеи, но не откри детали. Весникот „Ал Џарида“ претходно објави дека лидерот бил повреден на левата страна од телото, од глава до пети, откако остатоци од нападот паднале во негова близина.


