МОЏТАБА ХАМНЕИ ИЗБРАН ЗА ВРХОВЕН ЛИДЕР – Но Али Хамнеи имал сериозни сомнежи
Американските разузнавачки служби го информирале Трамп за проценките на Али Хамнеи

Американските разузнавачки служби го информирале претседателот Доналд Трамп, дека покојниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, имал сериозни сомнежи за тоа дали неговиот син, Моџтаба Хамнеи, е способен да го наследи на таа позиција, објави CBS News, повикувајќи се на повеќе извори во администрацијата.
Според овие извори, Али Хамнеи бил претпазлив поради тоа што сметал дека неговиот син „не е особено бистар“ и нема доволни квалификации за водење на земјата. Исто така, бил свесен за одредени проблеми во приватниот живот на Моџтаба.
Во приватни разговори, Трамп им кажал на блиските соработници дека не е сигурен колку овие информации се значајни, наведувајќи дека Иран моментално е практично без јасно раководство и дека можеби Моџтаба Хамнеи веќе починал. Белата куќа проценува дека во моментов клучните одлуки во Иран ги носи Корпусот на исламската револуционерна гарда.
Моџтаба Хамнеи беше избран за трет врховен лидер на Исламската револуција и е син на поранешниот врховен лидер Али Хамнеи, кој е убиен во американско-израелските напади на 28 февруари. По неговото назначување, иранските функционери, државните институции и вооружените сили се заколнаа на верност кон новиот лидер.


