МНОГУ БРЗО – Трамп најави повлекување од Иран, но со опасна резервна опција

Американскиот претседател откри дека САД ќе се повлечат од Иран, но можат да се вратат за поединечни напади.

МНОГУ БРЗО – Трамп најави повлекување од Иран, но со опасна резервна опција
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека американските сили ќе се повлечат од Иран „многу наскоро“, но додаде дека може да се вратат за поединечни операции.

„Тие немаат нуклеарно оружје, бидејќи во моментов не се способни да го развијат. Ќе се повлечам и ќе ги земам сите со мене, а ако треба да се вратиме, ќе се вратиме за поединечни напади“, рече Трамп во интервју за Ројтерс.

Според неговите зборови, Иран „дури и не сака да има нуклеарно оружје“.

Трамп најави дека за време на претстојното обраќање до нацијата ќе го изрази своето „гадење“ од земјите-членки на НАТО, односно од нивното одбивање да се приклучат на војната на САД и Израел против Иран.

На прашањето дали размислува за напуштање на САД од НАТО, Трамп потврди:

„Апсолутно, и не ме прашувајте мене. Не би ли направиле истото да бевте на мое место? Тие не беа наши пријатели кога ни беа потребни. Никогаш не ги прашавме многу. Тоа беше еднонасочна улица.“

Тој го повтори тврдењето дека во Иран дошло до промена на режимот:

„Мислам дека има многу добри шанси да постигнеме договор, бидејќи тие повеќе не сакаат да ги ракетираме. Не ми требаше промена на режимот, но ја добивме поради воените загуби. Значи, имаме промена на режимот и следното големо нешто е дека тие нема да имаат нуклеарно оружје.“

На прашањето дали Иран сè уште поседува збогатен ураниум, Трамп рече дека не е загрижен:

„Толку е длабоко под земја, не ми е гајле. Ќе го следиме сето тоа преку сателит.“

Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, објави дека Трамп ќе се обрати на нацијата за војната против Иран и дека потоа ќе даде „важни информации“.

CATEGORIES
TAGS
Share This