МЛАДОСТ И ХРАБРОСТ ЗА ПРОМЕНИ Кековски води кон модерна Могила

Нашата цел е јасна: да ја оживееме Могила и сите нејзини села, за да постои насмевка и детски џагор насекаде.

МЛАДОСТ И ХРАБРОСТ ЗА ПРОМЕНИ Кековски води кон модерна Могила
Фото: Национал

Нашите ветувања произлегуваат од бројните средби и разговори со жителите на Могила – луѓето кои најдобро ги познаваат предизвиците и потребите на својата средина, изјави за „Национал“ носителот на листата за Совет на Општина Могила, Филип Кековски.

„Свесни сме за нашата младост и затоа бараме од вас поддршка за нашата храброст. Време е младите да ја креираат иднината – иднина што ќе ја градиме врз темелите на традицијата која нè одржала. Нашата должност е да ја негуваме и чуваме, за да можеме достоинствено да продолжиме понатаму,“ порача Кековски.

Тој нагласи дека нивната програма опфаќа проекти за сите населени места во општината, со посебен акцент на две области: зачувување на традицијата и развој на спортот.

„Традицијата и спортот се столбови на здравиот дух и идентитет на Македонците. Затоа велиме – во здраво тело, здрав дух,“ додаде тој.

Еден од клучните приоритети, според Кековски, е уредувањето на манастирот „Св. Тодори“ – скриеното богатство на Општина Могила.

„Манастирот Св. Теодор Стратилат, како и местото каде што за Богојавление се положува светиот крст, ќе ги уредиме во духовен, културен и излетнички центар. Во непосредна близина ќе изградиме мини музеј посветен на историјата и традицијата на Могила. Тоа ќе стане место каде ќе ги пречекуваме сите гости и делегации, менувајќи го начинот на претставување на нашата општина. Св. Тодори ќе стане гордоста на Могила,“ истакна тој.

Кековски верува дека овие проекти ќе придонесат за подобар живот на оние кои останале да живеат во Могила, но и ќе ги поттикнат иселените жители да се вратат во својот роден крај.

„Нашата цел е јасна – да ја оживееме Могила и сите нејзини села, за да се слуша насмевка и детски џагор насекаде,“ порача Кековски.

CATEGORIES
Share This