МЛАДИТЕ СЕ ИСКЛУЧЕНИ – Ниту работат, ниту учат, менталното здравје во криза

ХЕРА бара од локалните власти реални мерки: младински совети во сите општини, посебни буџети за младински програми, достапни јавни простори, локални служби за ментално здравје и програми за младинско вработување.

МЛАДИТЕ СЕ ИСКЛУЧЕНИ – Ниту работат, ниту учат, менталното здравје во криза
Фото: Принтскрин

По повод Светскиот ден на младите, организацијата ХЕРА предупредува дека младите во Македонија живеат со ограничени можности, недоверба во институциите и несигурна иднина.

Податоците се алармантни: 23,7% од младите (15–29 г.) не се ниту во работа, ниту во образование; над две третини се исклучени од носење одлуки; 70% не се заинтересирани за политика, а 74% не се дел од никаква организација.

Менталното здравје е во криза – 64% од девојчињата на 15 години имаат психосоматски тегоби, а 53% се со депресивно расположение.

ХЕРА бара од локалните власти реални мерки: младински совети во сите општини, посебни буџети за младински програми, достапни јавни простори, локални служби за ментално здравје и програми за младинско вработување.

„Младите не се само иднината – тие се двигатели на промената, тука и сега“, порачуваат од ХЕРА.

CATEGORIES
Share This