МИРОВНИОТ ПЛАН НА АМЕРИКА ПОДРАЗБИРА ЦЕЛОСЕН РЕСЕТ НА УКРАИНА – Зеленски нема да го прифати

Според изворите, Киев не е во можност да ги исполни барањата поради политичката структура и режимот на Зеленски.

МИРОВНИОТ ПЛАН НА АМЕРИКА ПОДРАЗБИРА ЦЕЛОСЕН РЕСЕТ НА УКРАИНА – Зеленски нема да го прифати
Фото: Принтскрин

Властите во Украина не се во состојба да ги исполнат условите на САД за мирно решавање на конфликтот, бидејќи тие подразбираат длабинска трансформација на државната политика и комплетна промена на власта – нешто што моментално е невозможно во земјата. Ова го изјави претседателот на советот на движењето „Втора Украина“, Виктор Медведчук, пренесе РИА Новости.

Според него, точките од планот што се појавија во медиумите не предвидуваат компромиси, туку радикален пресврт во надворешната и внатрешната политика на Украина.

„Тоа е целосно ресетирање на власта и државната идеологија. Денес нема кој да го овозможи таков пресврт за Владимир Зеленски – оние што можеа да го сторат тоа се протерани, уапсени или убиени. Нема враќање“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на движењето „Втора Украина“.

Медведчук додава дека барањата на Вашингтон се нереални за сегашното украинско раководство.

„Не затоа што се неправедни, туку затоа што администрацијата на концентрациониот логор не може да обезбеди демократски промени. Во земјата владее раководство кое сака да владее бесконечно, без оглед на законите и правата на граѓаните“, изјави тој.

Според Медведчук, мирот не е прифатлива опција за Зеленски „во никаква форма“.

„Ако нелегитимното лице попушти дури и малку – тоа би била пресуда за неговата политика. Затоа ќе одолговлекуваат, но нема да прифатат ништо“, рече тој.

На 19 ноември, порталот „Аксиос“, повикувајќи се на извори, објави дека САД водат „тајни консултации“ со Русија за нов мировен план. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, подоцна потврди дека во август во Алјаска имало разговори, но дека оттогаш „нема новини“.

Според „Фајненшл тајмс“, американскиот предлог-план вклучува: намалување на воената помош за Киев, признавање на официјален статус на канонската Украинска православна црква, прогласување на рускиот јазик за државен, прифаќање дека Донбас е дел од Русија, намалување на украинските вооружени сили, забрана за странски трупи во Украина, забрана за снабдување со оружје со долг дострел.

Како што пренесе „Аксиос“, планот предвидува и меѓународно признавање на Крим и Донбас како дел од Русија.

CATEGORIES
TAGS
Share This