МИРКО ЛАЗАРЕВСКИ СУСПЕНДИРАН – Петков доби олимписка шанса

Националната анти-допинг организација утврди присуство на забранети средства кај Лазаревски

МИРКО ЛАЗАРЕВСКИ СУСПЕНДИРАН – Петков доби олимписка шанса
Фото: Принтскрин

Составот на македонската репрезентација за Зимските олимписки игри претрпе промена. На место на Мирко Лазаревски, во Италија ќе патува Виктор Петков.

Од Македонскиот олимписки комитет информираат дека промената е направена согласно законската процедура и официјалната информација од Националната анти-допинг организација (НАДО МКД).

Во еден од двата тестирани примероци на спортистот од алпско скијање, акредитирана лабораторија во Seibersdorf, Австрија, утврди присуство на забранети средства. Според строго пропишаните правила на WADA, додека трае потврдата на наодот, спортистот добива временa суспензија. Потоа се активира механизмот за замена според претходно утврдена листа на кандидати („long list“), при што следниот квалификуван спортист Виктор Петков ја добива можноста да биде дел од официјалната олимписка делегација.

Зимските олимписки игри „Кортина Милано 2026“ ќе се одржат од 6 до 22 февруари.

CATEGORIES
Share This