МИР ИЛИ УЦЕНА – Иран постави 10 услови за прекин на конфликтот

Такса од два милиони долари по брод за премин низ Ормускиот теснец

МИР ИЛИ УЦЕНА – Иран постави 10 услови за прекин на конфликтот
Фото: Принтскрин

Иран излезе со предлог од 10 точки за прекин на конфликтот со Соединетите Американски Држави и Израел, кој вклучува воведување такса од околу два милиони долари по брод за премин низ Ормускиот теснец. Средствата од оваа такса би се користеле за обнова на уништената инфраструктура во земјата.

Според информации објавени од The New York Times, двајца високи ирански функционери, кои зборувале анонимно, навеле дека предлогот предвидува гаранции дека Иран нема повторно да биде нападнат, запирање на израелските операции против Хезболах во Либан, како и укинување на сите санкции.

За возврат, Иран би ја укинал фактичката блокада на теснецот и би ги делел приходите со Оман. Планот исто така вклучува протокол за безбедно поминување, реконструкција на инфраструктурата и намалување на регионалните тензии.

Претходно, Axios објави дека се водат разговори меѓу САД, Иран и регионални посредници за можен 45-дневен прекин на огнот, како дел од поширок двофазен договор што би можел да доведе до трајно запирање на конфликтот.

Предлог-договорот, неформално наречен „Договор од Исламабад“, би воспоставил регионална рамка за управување со теснецот, со завршни разговори лице в лице во Исламабад. Ирански претставници, според Reuters, инсистираат на траен прекин на огнот со цврсти гаранции дека земјата нема повторно да биде цел на напади од САД и Израел.

CATEGORIES
TAGS
Share This