МИОВСКИ ВО ПРЕСРЕТ НА КВАЛИФИКАЦИСКИОТ НАТПРЕВАР ПРОТИВ БЕЛГИЈА – „Свесни сме против кого играме, но покажавме дека знаеме да играме фудбал“
Тој додаде дека натпреварите против Белгија, а потоа и против Казахстан и Велс, се меѓу најважните во поновата историја на репрезентацијата.

Напаѓачот на македонската репрезентација, Бојан Миовски, изјави дека тимот со голема самодоверба влегува во последната фаза од квалификациите, каде Македонија моментално е прва во групата со гол-разлика 11:2.
„Знаеме против каква репрезентација играме и свесни сме дека сме во завршница од квалификациите. Покажавме дека знаеме да играме фудбал и затоа сме тука. Работата не е завршена, но горди сме на тоа што сме први во групата“, изјави Миовски.
Тој додаде дека натпреварите против Белгија, а потоа и против Казахстан и Велс, се меѓу најважните во поновата историја на репрезентацијата.
„Белгија е одличен тим со играчи од топ лигите, но ние играме како колектив и тоа го докажавме. Ќе имаме силна поддршка од навивачите и верувам дека ќе гледаат одличен фудбал“, рече Миовски.
Македонија гостува кај Белгија во петок (20:45 ч.) во Гент, а во понеделник го пречекува Казахстан во Скопје.


