МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО – Законот за пушење нема да го погоди угостителството

Забраната за пушење ќе важи во сите затворени јавни простории, угостителски објекти и приватни возила со деца

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО – Законот за пушење нема да го погоди угостителството
Фото: Национал

Министерот за здравство Азир Алиу тврди дека забраната за пушење во затворени простории ќе донесе поуреден и поквалитетен амбиент во угостителските објекти, привлекувајќи семејства и туристи, без да го намали нивниот приход.

Законот, кој треба да стапи во сила од 1 март 2026, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории и приватни возила со деца, забрана за производи со овошни, слатки или билни ароми и ментол, пушење дозволено само на отворени балкони и одредени тераси и продажба на цигари во маркетите само во затворени шкафови, невидливи за купувачите.

Целта е заштита на здравјето на граѓаните и персоналот, како и намалување на високата стапка на пушачи (45%) во Македонија.

CATEGORIES
TAGS
Share This