МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ – Германските војници ќе се бранат ако бидат нападнати

Сите германски војници во погодените бази се безбедни, нема повредени.

МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ – Германските војници ќе се бранат ако бидат нападнати
Фото: Принтскрин

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изјави дека Германија нема намера да се вклучува во конфликтот со Иран, но дека ќе размисли за одбрана на своите војници доколку тие бидат нападнати.

„Федералната влада нема планови за учество во конфликтот и не располага со потребните воени ресурси“, рече Вадефул за Deutschlandfunk. Сепак, тој додаде дека германските војници на Бундесверот можат да се бранат доколку нивната безбедност биде загрозена.

Според германските вооружени сили, базите во кои се стационирани нивните војници биле цел на нападите во регионот. Во текот на викендот биле погодени мултинационални бази во Ербил, северен Ирак, и Ал-Азрак, Јордан.

Сите германски војници таму се безбедни и нема повредени, објави агенцијата dpa.

CATEGORIES
Share This