МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА ВЕТИ ОД УТРЕ ИСПЛАТА НА МАРТОВСКАТА ПЛАТА Синдикатот за култура утре на протест поради неисплатена мартовска плата

И покрај најавите дека вработените во културата од утре ќе ја добијат мартовската плата, тие не се откажуваат од протестот. Синдикатот на културата утре излегува на протест пред министерството за култура.

МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА ВЕТИ ОД УТРЕ ИСПЛАТА НА МАРТОВСКАТА ПЛАТА Синдикатот за култура утре на протест поради неисплатена мартовска плата

Вработените во културата се соочуваат со доцнење на мартовските плати, што предизвика серија политички реакции. И покрај најавите дека вработените во културата од утре ќе ја добијат мартовската плата, тие не се откажуваат од протестот. Синдикатот на културата утре излегува на протест пред министерството за култура. Покрај ова не се откажуваат и од поднесување тужби за непочитување на колективните договори.

СДСМ бара оставка од министерот за култура Зоран Љутков, поради, како што велат, хаосот што го предизвикал во култура. Го обвинуваат за катастрофално менаџирање и за тоа што оставил над 3000 културни работници без плата.

„СДСМ бара оставка и политичка одговорност од Љутков за хаосот што го создаде во културата. Повлекување на срамните изјави за приватизација на културното наследство.  И итна исплата на платата за март за сите вработени во културата“ – велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ им вратија дека токму во времето на СДСМ, Министерството за култура било претворено во партиски трансакции и награди за блиски лица.

„Грантовите се делеа без критериуми, преку телефон, пријателски врски и партиски заслуги. Уметниците кои не беа лојални беа игнорирани или санкционирани. Институциите беа блокирани, а културата сведена на приватен бизнис за избрани поединци“- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за култура пред два дена им се извини на вработените за доцнењето на мартовската плата со ветување дека ќе ги добијат платите заедно со зголемувањето на почетокот на оваа недела. Љутков појасни дека причина за доцнењето е усогласувањето на платите со Министерството за финансии. Претседателката на Синдикатот за култура, изјави дека од четвртокот минатата недела не оствариле контакт со министерот, и дека неговото извинување преку Фејсбук не е доволно.

CATEGORIES
Share This