МИНИСТЕРОТ ТРИПУНОВСКИ ГО СЛУШНА ГЛАСОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Дискусија за земјоделските политики во 2026
Претставници на околу 30 земјоделски здруженија ги изнесоа своите ставови и предлози

Фото: Принтскрин
Министерот Цветан Трипуновски денеска одржа работен состанок со претставници на околу 30 земјоделски здруженија, на кој разговараа за предлог-програмите за 2026 година.
На средбата се дискутираше за приоритетите и предизвиците со кои се соочува земјоделскиот сектор. Претставниците ги изнесоа своите ставови и предлози, кои Министерството ќе ги разгледа внимателно при креирањето на идните мерки и политики. Целта е тие да одговорат на реалните потреби на земјоделците и да придонесат за развојот на земјоделството во земјата.
CATEGORIES Бизнис


