МИНИСТЕРОТ СТОИЛКОВИЌ ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА „WESTERN BALKANS 2030“ Во фокусот на конференцијата ќе биде енергетиката и дигитализацијата
Форумот ќе ги обедини претставниците на европските институции, бизнис-заедницата и медиумите, со фокус на регионална интеграција, енергетска транзиција, дигитализација и одржлив раст.

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, утре ќе ја посети Србија и ќе учествува на конференцијата „Western Balkans 2030“, организирана од Европската инвестициска банка. Форумот ќе ги обедини претставниците на европските институции, бизнис-заедницата и медиумите, со фокус на регионална интеграција, енергетска транзиција, дигитализација и одржлив раст.
Меѓу учесниците се и министерката за енергетика Сања Божиновска и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
Стоилковиќ ќе има и средба со потпретседателката на српската влада и министерка за економија Адријана Месаровиќ, на која ќе се разговара за меморандум за економска соработка, заеднички инвестиции и настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум на 2 и 3 декември.
Посетата е уште една потврда на блиската соработка и партнерството меѓу Македонија и Србија во насока на стабилен и европски ориентиран регион.


