МИНИСТЕРОТ АЛИУ – Пикот на сезонскиот грип се очекува во следните 2-3 недели

Секоја година бројот на пациенти со грип расте во овој период

МИНИСТЕРОТ АЛИУ – Пикот на сезонскиот грип се очекува во следните 2-3 недели
Фото: Принтскрин

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска информира дека пикот на сезонскиот грип се очекува во наредните две до три недели. Тој посочи дека секоја година во овој период се зголемува бројот на пациенти кои бараат здравствени услуги поради грип.

„Во моментов нема алармантен пораст на заболени од грип во споредба со претходните години. Сè уште не сме достигнале врв на сезоната за да можеме да направиме соодветна споредба“ – истакна Алиу.

Тој додаде дека годинава, за првпат, 77.000 граѓани веќе се вакцинирале против грип, што е најдобар начин телото да се заштити. Министерот потсети дека останале уште 3.000 вакцини, а граѓаните не мора да се пријавуваат во системот за вакцинација, туку можат директно да се обратат во здравствените институции.

„Вакцинацијата е клучна за заштита на граѓаните, особено на ризичните групи како постари лица, бремени жени и здравствени работници – нагласи Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за кампањата за подигнување свесност за опасностите од пиротехнички средства.

CATEGORIES
TAGS
Share This