МИНЕРАЛИТЕ НА УКРАИНА ЧУДА ПРАВАТ За Трамп сега Зеленски од лошиот стана добар и продуктивен

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, на денешниот брифинг со новинарите потврди дека разговорот поминал во позитивна атмосфера, но истакна дека не е предвидена средба помеѓу претседателот Трамп и рускиот лидер Владимир Путин.

МИНЕРАЛИТЕ НА УКРАИНА ЧУДА ПРАВАТ За Трамп сега Зеленски од лошиот стана добар и продуктивен

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера имал „многу добар и продуктивен“ телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти денеска Белата куќа. Во соопштението се наведува дека Трамп изразил надеж дека Украина и Русија ќе постигнат договор за предложеното 30-дневно примирје во текот на следната недела.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, на денешниот брифинг со новинарите потврди дека разговорот поминал во позитивна атмосфера, но истакна дека не е предвидена средба помеѓу претседателот Трамп и рускиот лидер Владимир Путин.

Таа додаде дека ваква средба нема да се одржи следната недела на Блискиот Исток, како што претходно шпекулираа некои медиуми.

Примирието, предложено како можност за намалување на тензиите и отворање простор за дипломатски преговори, останува во фокусот на американската надворешна политика во регионот.

Инаку, и началникот на кабинетот на претседателот Зеленски, Андриј Јермак, објави дека денес имал телефонски разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио, како и со други високи официјални лица, на тема предложеното примирје.

„Главниот фокус беше ставен на прашањето за прекин на огнот и перспективите за мирно решение“, напиша Јермак на Телеграм.

Тој додаде дека во разговорот учествувале и американските претставници Стив Виткоф и Кит Келог, како и украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

„Беше разговарано и за важноста на спроведување на точките за кои се согласија нашите претседатели“, додаде Јермак, укажувајќи на продолжените дипломатски напори за стабилизација на регионот.

CATEGORIES
TAGS
Share This