МИЛАН МИСЛИ И НА СЛЕДНАТА СЕЗОНА Во потрага по младиот талент на Удинезе

МИЛАН МИСЛИ И НА СЛЕДНАТА СЕЗОНА Во потрага по младиот талент на Удинезе

Милан покажува интерес за трансфер на дефанзивецот на Удинезе, Томас Кристенсен, според информациите од „Гадзета дело Спорт“. „Росонерите“ го вклучија 23-годишниот Данец на својата листа на потенцијални засилувања пред затворањето на трансферниот период на 1 септември и сега размислуваат за негово доведување во јануарскиот прозорец.

Раководството на Милан е особено импресионирано од настапот на Кристенсен во натпреварот против Интер, каде што Удинезе славеше со 2:1 на „Сан Сиро“ на 31 август. Високиот 198 сантиметри дефанзивец ќе биде внимателно следен од скаутите на Милан на сите натпревари на Удинезе во текот на есента.

Во меѓувреме, „црно-белите“ од Удине активно бараа замена за Кристенсен во последните денови од трансферниот прозорец во август. Очекувањата се дека фриуланите ќе побараат најмалку 15 милиони евра за својот бранител.

CATEGORIES
Share This