МИЛАН ГО ЗАГУБИ КУПОТ Болоња слави по 51 година

Во финалето на Купот на Италија, Болоња ја совлада Милан со 1-0 и го освои трофејот по половина век чекање.

МИЛАН ГО ЗАГУБИ КУПОТ Болоња слави по 51 година

Иако важеше за фаворит, Милан одигра бледо и без напаѓачки ритам, што резултираше со разочарување во таборот на „росонерите“.

„Сезоната е промашување, и покрај победата во Супер-купот. Направени се многу грешки кои мора да се исправат“, изјави Џорџо Фурлани, директор на Милан.

Клубот ќе се обиде да ја заврши сезоната достоинствено во преостанатите два натпревари, иако како што посочуваат од Милан, целите остануваат недостижни.

CATEGORIES
Share This