МИЦКОСКИ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Бачев во Собранието поднел амандмани за една изборна единица уште во 2010 година
Идејата за една изборна единица подолг период е дел од јавната дебата, особено од страна на помалите партии кои сметаат дека ваквиот модел овозможува пофер застапеност во законодавниот дом.

Премиерот Христијан Мицкоски изрази подготвеност за поддршка на иницијативата за укинување на постојните шест изборни единици и воведување една изборна единица, со можност за гласање на дијаспората.
„Ако навреме се фатиме за работа, тогаш не гледам причина зошто на следните парламентарни избори да не одиме со една изборна единица – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на настан по повод одбележувањето на 80-годишнината од постоењето на Државниот завод за статистика.
Вчера, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев обелодени дека партијата уште на 22 јули 2010 година поднеле во Собранието амандмани за измена и дополнување на Изборниот законик со кој се предвидува промена на изборниот модел во една изборна единица со образложени причини во прилог на една изборна единица.
„Нашиот предлог за една изборна единица 15 години е закочен во собраниските фиоки и време е за промена на изборниот модел која овозможува правичност и еднакво вреднување на секој глас, со што се овозможува најоптимално совпаѓање на процентот на освоени гласови со добиените пратенички мандати“ – вели Бачев.
Тој дополнува дека е потребно и забрана на предизборно коалицирање со што ќе се стави крај на т.н. партии-крлежи кои пред секои избори шетаат од една во друга коалиција само за да нивните претседатели добијат директорски места. Сметаме дека единствено правилно е постизборно коалицирање откако на изборите ќе се види изборната тежина на секоја партија преку поединечен настап на изборите.
Тој дополнува: „Во 2010 поднесовме и амандман со кој се се предвидува забрана за предизборно коалицирање, со цел, да се отстранат т.н. партии-крлежи чии претседатели водени исклучиво од лични интереси за функционерски места шетаат од една во друга коалиција. Затоа е потребно само постизборното коалицирање откако ќе с е види политичката тежина на секоја партија преку самостоен настап на изборите“ – потенцира Бачев.
Идејата за една изборна единица подолг период е дел од јавната дебата, особено од страна на помалите партии кои сметаат дека ваквиот модел овозможува пофер застапеност во законодавниот дом.


