МИЦКОСКИ СО УЛТИМАТУМ ДО ФИЛИПЧЕ – Најдете еден мигрант од договор со Британија – или извинување

Премиерот вели дека е подготвен трајно да се повлече од политика доколку Филипче најде макар и еден мигрант во земјата

МИЦКОСКИ СО УЛТИМАТУМ ДО ФИЛИПЧЕ – Најдете еден мигрант од договор со Британија – или извинување
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски му одговори на Венко Филипче, кој претходно изјави дека во земјава нема да има кампови за мигранти бидејќи, според него, тие би биле сместувани во социјални станови и дека договорот со Велика Британија веќе пропаднал, па затоа се очекувале предвремени избори до пролет.

„Ќе му оставам време до пролет на Филипче, заедно со Фрчкоски и Жерновски, да одат низ целата држава и да бараат мигранти кои наводно се дел од некакoв договор со Велика Британија. Ако пронајдат барем еден – јас трајно ќе се повлечам од политика. Ако не пронајдат, тогаш очекувам тројцата јавно да се извинат. Подготвен сум ова да важи за целиот мој мандат, но бидејќи тие сами го поставија рокот до пролет, јас им велам: ако до тогаш најдат еден мигрант кој е дел од договор со Велика Британија, јас повеќе нема да се занимавам со политика. Во спротивно, нека излезат пред македонската јавност и нека се извинат. Мислам дека така е фер“, изјави Мицкоски.

CATEGORIES
TAGS
Share This