МИЦКОСКИ СО ПОРАКА ДО БРИСЕЛ Европа има шанса да ја исправи неправдата кон македонскиот идентитет

Мицкоски остро ги критикуваше сите кои, според него, го негираат овој проблем или свесно манипулираат со јавноста.

МИЦКОСКИ СО ПОРАКА ДО БРИСЕЛ Европа има шанса да ја исправи неправдата кон македонскиот идентитет
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски повторно се осврна на резолуцијата која е предмет на расправа во Европскиот парламент, со која се бара признавање на македонскиот идентитет и јазик. Тој ја искоментира и иницијативата на бугарски европратеник, кој предложи амандман во кој македонскиот јазик и идентитет би се дефинирале како „сегашни“.

„Сега очекувам Европа да даде одговор. Ова е моментот кога нема едногласје, и тоа е шансата Европа да ја исправи историската неправда која беше нанесена со прифаќањето на францускиот предлог од страна на Бујар Османи и Димитар Ковачевски“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека бугарските парламентарци активно работат на европско ниво за да се наметне нивната позиција и додаде дека тоа е резултат на дадена можност со, како што рече, прифаќањето на предлогот без консултации со народот.

„Ако некој мисли дека тие седат со скрстени раце, се лаже. Официјална Софија никогаш не се препакува. Таа остана слеп заложник на живковизмот и продолжува со наративот за создавање на нова македонска нација која, според нив, се темели врз бугарската“, изјави премиерот.

Мицкоски остро ги критикуваше сите кои, според него, го негираат овој проблем или свесно манипулираат со јавноста.

„Или се политички аналфабети, или свесно сакаат да ги излажат граѓаните“, додаде тој.

CATEGORIES
Share This