МИЦКОСКИ ПО ДЕНЕШНИОТ СОСТАНОК Јасни одговорности и координација клуч за успешни реформи
Премиерот информираше преку социјалните мрежи за денешниот неделн состанок за следење на реформската агенда

Јасната распределба на одговорностите и засилената меѓуинституционална координација се клучни за успешна реализација на реформите. Ова беше заклучокот од денешниот неделен состанок што го одржа премиерот Христијан Мицкоски.
На состанокот фокусот беше ставен на динамиката на процесите и почитувањето на зададените рокови.
Премиерот преку социјалните мрежи информираше за текот на состанокот:
„Денеска одржавме неделен состанок посветен на реформската агенда. Ги разгледавме тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните реформи, при што беше нагласена потребата од меѓуинституционална координација и јасна распределба на одговорностите. За успешна имплементација на реформската агенда, мораме да ја завршиме домашната задача“, објави Мицкоски.


