МИЦКОСКИ ПОЈАСНУВА Трезорот останува отворен, К-15 ќе биде обезбеден
Мицкоски нагласува дека трезорот нема да се затвори, туку ќе се работи според план.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, соопшти дека трезорот нема да биде затворен на 15 декември, туку дека е препорачливо сите институции до тој датум да ги достават тековните потреби и расходи. Тој истакна дека К-15 ќе биде обезбеден во сите државни институции.
„Не реков дека трезорот ќе се затвори на 15 декември. Поставивме тој датум како краен рок до кога е добро сите институции да ги достават своите тековни потреби и расходи и да ги пренесат средствата до доверителите. Сепак, ќе има толеранција. Идејата е да работиме според план, со свесност дека е важно активностите да се реализираат навреме и да се создаде навика за тоа. Минатата година, првпат имав такво искуство, и се случуваше речиси „во 5 до 12“ да се решаваат сите работи, а трезорот физички не можеше да го сработи тоа. Затоа е важно да планираме навремено, за да избегнеме хаос на крајот од годината. К-15 ќе има во сите државни институции“, рече Мицкоски.


