МИЦКОСКИ ОТКРИ ШТО СЛЕДИ – По Велигден нови мерки за намалување на цените на храната

Намалување на ДДВ и ограничување на профитните маржи за основните прехранбени производи.

МИЦКОСКИ ОТКРИ ШТО СЛЕДИ – По Велигден нови мерки за намалување на цените на храната
Фото: Национал

Владата ќе презентира нов пакет економски мерки по велигденските празници, фокусирани на основните прехранбени производи преку намалување на ДДВ и ограничување на профитните маржи.

„Мерките ќе бидат таргетирани кон одредени граѓани и производи, со комбинација на намалување на данокот и ограничување на профитните маржи“, рече премиерот.

Мицкоски истакна дека претходните интервенции, како намалување на ДДВ за горивата и акцизата, спречиле двојно поголема инфлација. Тој додаде дека одлуките мора да се носат рационално, подготвувајќи се за подолг период на криза.

Законот за нефер трговски практики, кој предвидува зголемување на казните, е готов и наскоро ќе влезе во владината процедура.

Премиерот е задоволен и од порастот на извозот во првите два месеца од годинава, што според него е охрабрувачки сигнал за економијата.

CATEGORIES
Share This