МИЦКОСКИ ОД МИНХЕН – Македонија бара отворена врата, а не отворен крај

Премиерот Христијан Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција порача дека Македонија очекува јасен и кредибилен процес за членство во Европската унија.

МИЦКОСКИ ОД МИНХЕН – Македонија бара отворена врата, а не отворен крај
Фото: Социјални мрежи

Премиерот Христијан Мицкоски, кој учествува на Минхенската безбедносна конференција, преку објава на Фејсбук информираше дека земал учество на тркалезна маса посветена на проширувањето на Европската унија.

„Денес на Минхенската безбедносна конференција учествував на тркалезната маса ‘Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ’, каде јасно ги презентирав нашите позиции. Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им е потребен процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина. Време е реформите и трудот на нашите граѓани да бидат соодветно вреднувани“, напиша премиерот Мицкоски.

Овој став на македонската влада, Мицкоски го изнесе и пред еврокомесарката за проширување Марта Кос, нагласувајќи ја потребата од јасни рокови и кредибилен процес на интеграција.

Премиерот Христијан Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција порача дека Македонија очекува јасен и кредибилен процес за членство во Европската унија.

Премиерот Христијан Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција порача дека Македонија очекува јасен и кредибилен процес за членство во Европската унија.

CATEGORIES
Share This