МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ДА ОСВОИ 60 ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ МАНДАТИ „Тоа е резултат што не обврзува и мотивира да работиме посилно“
Ние чуда ниту ветуваме ниту чуда се воможни, туку веруваме дека скромно и посветено, чесно успеавме да обезбедиме историска победа на овие Локални избори.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на собир во Волино изјави дека очекува партијата да освои 60 градоначалнички мандати и победи во 59 општински совети.
„Тоа е резултат што не обврзува и мотивира да работиме уште посилно. Ние чуда ниту ветуваме ниту чуда се воможни, туку веруваме дека скромно и посветено, чесно успеавме да обезбедиме историска победа на овие Локални избори“, рече Мицкоски, додавајќи дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Сиљаноски, како иден градоначалник на Дебрца ќе има целосна поддршка од Владата.
Тој ги повика и гласачите на СДСМ во вториот круг да го поддржат Сиљаноски.
Сиљаноски вети реална програма насочена кон подобрување на животниот стандард на сите жители без поделби, со цел Дебрца да стане „прекрасно место за живеење“.
Во првиот круг од изборите тој освои 48,1% од гласовите, пред актуелниот градоначалник Зоран Ногачески, кој доби 26,3%. ВМРО-ДПМНЕ победи и на советничката листа со шест од девет места.


