МИЦКОСКИ НА САМИТОТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЛОНДОН – Економски и политички средби на агендата
На маргините на самитот, како и за време на посетата на Обединетото Кралство, претседателот на Владата ќе оствари повеќе билатерални средби, за што јавноста ќе биде навремено информирана

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со владината делегација, ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан, кој годинава се одржува во Лондон, Велика Британија.
Во состав на делегацијата се и вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани. Тие ќе учествуваат на низа состаноци во рамки на Берлинскиот процес.
На маргините на самитот, како и за време на посетата на Обединетото Кралство, претседателот на Владата ќе оствари повеќе билатерални средби, за што јавноста ќе биде навремено информирана.
Исто така, владината делегација ќе одржи повеќе економски работни средби, кои ќе претставуваат значаен исчекор за меѓусебната економска соработка.

