МИЦКОСКИ НАЈАВУВА НОВ РЕКОРД Победа на изборите со 400.000 гласови и 50 градоначалници

Во однос на советничките листи, Мицкоски предвидува освоени 40–43% од гласовите, со можност за дополнителна мобилизација за време на кампањата.

МИЦКОСКИ НАЈАВУВА НОВ РЕКОРД Победа на изборите со 400.000 гласови и 50 градоначалници
Фото: Национал

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, очекува излезност од 850 до 900 илјади гласачи и над 400.000 освоени гласови за партијата, што би било најдобар резултат во историјата на локалните избори.

„Не би биле изненадени доколку имаме повеќе од 50 градоначалници, но очекуваната бројка е 45–50, плус главниот град“, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека ова е напредок во однос на 42-те градоначалници од 2021 година.

За СДСМ рече дека анализите предвидуваат освоени нула до шест градоначалници, а за Левица оцени дека не очекува тие да освојат места, наведувајќи дека нивната стратегија е да бидат „прокси“ за ДУИ.

Во однос на советничките листи, Мицкоски предвидува освоени 40–43% од гласовите, со можност за дополнителна мобилизација за време на кампањата.

На прашањето за можен пад на поддршката, тој рече дека напротив, ВМРО-ДПМНЕ има дополнителен потенцијал, а правосудниот систем е тој што одлучува за понатамошни истраги и санкции.

CATEGORIES
Share This